Поднесена тужба: Роналдо затаил данок од над 14 милиони евра

Шпанското обвинителство денеска и официјално поднесе тужба до Кристијано Роналдо поради затајувањето данок од страна на португалскиот фудбалер од 2011 до 2014 година.

Медиумите во Шпанија објавија дека тужбата се однесува на затајување во износ од 14,768,897.40 евра. Весникот „Ел Паис“, цитирајќи еден од обвинителите, објави дека Роналдо искористил „мрежа создадена во 2010 година“, за да ги крие своите приходи од продажбата на имиџ-правата.

Не станува збор за случајност, туку за криминални дејствија кои се извршени свесно и намерно“ – посочуваат од обвинителството.

Се вчитува...