Подолски со фантастичен гол и триумф над Англија се збогува од германскиот дрес

Лукаш Подолски на извонреден начин се збогува од дресот на германската фудбалска репрезентација, постигнувајќи фантастичен погодок за триумф на својот национален тим против Англија (1-0) на пријателскиот натпревар што се одигра во Дортмунд. Тоа беше 130.меч за Подолски во дресот на Германија, по што става крај на репрезентативната кариера.

Одличниот напаѓач во 69.минута доби топка на 25 метри од голот на Џо Харт, и испрати вистински проектил, погодувајќи го горниот агол од неговиот гол. Тоа предизвика овации на трибините. До крајот, Германците имаа уште една убава можност преку Хектор, но резултатот остана непроменет.

Lukas Podolski Goal HD – Germany 1-0 England 22… by dailyfootballkick

Се вчитува...