Погба „главна фаца“, Јунајтед рутинирано против Стоук

Манчестер јунајтед го комплетираше 23. коло во Премиер – лигата со победа над Стоук од 3-0 на „Олд трафорд“. Фудбалерите на Жозе Мурињо рутинирано стигнаа до 15. победа во домашното првенство за оваа сезона пред се благодарение на Пол Погба, креаторот на првите два погодоци на Валенсија и Марсијал.

Капитенот на „црвените ѓаволи“ Антонио Валенсија, донесе рано водство на својата екипа. Во деветтата минута Батланд беше совладан по точното додавање на францускиот играч за врска кон Колумбиецот, а 30 минути подоцна Погба одново асистираше, овој пат до сонародникот Ентони Марсијал, кој го постигна својот трет гол во низа на домашен терен против екипата на Стоук. Конечните 3-0 ги постави Ромелу Лукаку 72. минута од средбата.

Со наместените два гола, Погба се изедначи со офанзивниот играч за врска на Манчестер сити Кевин Де Бруин, по бројот на асистенции во лигата, сега и двајцата имаат по девет.

Се вчитува...