Погба и Мбапе ја „покорија“ Русија на „Крестовски“

Европскиот вицешампион Франција забележи рутинирана победа од 1-3 против Русија, во втората „контролка“ од оваа репрезентативна пауза. „Триколорите“ ја почувствуваа тревата на стадионот „Крестовки“, арената на која ќе се играат дел од натпреварите на претстојниот мундијал, и со три гола му покажаа на домаќинот дека се подготвени да се борат на нивно тло за најпосакуваниот пехар.

Шоуто во Санкт Петербург започна со Килијан Мбапе. По точното додавање од Погба во празно, младата ѕвезда на ПСЖ со мал соло продор го совлада Лунев и донесе водство за неговата селекција во 40. минута. Кон почетокот на второто полувреме Погба постигна фантастичен погодок од слоборен удар од далечина околу 25 метри, за потоа Мбапе да ја запечати судбината на Русија во 83. минута од натпреварот.

Се вчитува...