Погба на лето доаѓа на „Сантијаго Бернабеу“ за 130 милиони евра?

Францускиот интернационалец Пол Погба би можел да го напушти Манчестер јунајтед по завршувањето на оваа сезона и да направи трансфер во Реал Мадрид. Тој имал понуда од „кралевите“ и пред да се врати на „Олд трафорд“, но, сепак, одлучил да се врати на местото каде што играше како младинец, пред да замине во Јувентус.

Но, и новата авантура во Манчестер јунајтед не оди сјајно за Пол Погба. 24-годишниот играч за врска трпи големи критики за своите игри, па дури и самиот потенцираше дека можеби било подобро да ја прифател понудата на Реал Мадрид.

Сега повторно се појавува опција за негова преселба на „Сантијаго Бернабеу“ по завршувањето на сезоната. Овој трансфер, наводно, би бил вреден 130 милиони евра.

Се вчитува...