Погба навреден од Макрон – Нема повеќе да игра за Франција!?

Еден од најдобрите европски фудбалери, Пол Погба бил силно навреден од зборовите на претседателот на Франција, Емануел Макрон насочени кон исламот, поради што наводно својот револт одлучил да го изрази со откажување во иднина да настапи во дресот на француската репрезентација

Претседателот Емануел Макрон, по смртта на професорот по историја кој брутално беше убиен од екстремист, истакна дека „исламот е во голема криза и дека единството и цврстината се единствени одговори на монструозноста на исламскиот тероризам“.

Сето тоа, како што пренесуваат дел од англиските медиуми, наишло на силен револт кај фудбалерот на Манчестер јунајтед, кој иако има 27 години, одлучил веќе да не го носи дресот на репрезентацијата на Франција.

Ставовите на Макрон ги навредија и милиони муслимани кои живеат во Франција, но и светот. Ѕвездата на Манчестер јунајтед не крие дека е религиозен. Засега, од негова страна, нема потврда на информациите дека се откажал од француската репрезентација но набрзо ќе се знае пред ноемвриските настапи на Франција во Лигата на нации.

Се вчитува...