Погба назад во Јувентус веќе не е невозможна мисија

Јувентус се враќа како сериозен кандидат за ангажман на Пол Погба откако спортскиот директор Фабио Паратичи најави дека „старата дама“ е подготвена да ја отвори вратата за камбек на уште еден ас откако враќањето на Алваро Мората се покажа како вистински потег за најтрофејниот италијански клуб.

„Размислувавме за Мората бидејќи ни беше неопходен таков тип на играч. Кога говориме за Погба, тој моментно е член на Манчестер Јунајтед и не сакам да говорам за негов трансфер. Сепак, би додал дека Пол Погба му има дадено многу на Јувентус, а ние секогаш ги цениме фудбалерите кои го дале и последниот атом од силите за нашиот дрес. На сите во Јувентус ни е мил Погба, засега сме сконцентрирани на играчкиот кадар што го имаме, но во јануари добро ќе размислиме дали да донесеме уште некое квалитетно засилување“, истакна Паратичи.

Погба игра многу слабо во Манчестер Јунајтед, преговорите за нов договор не се движат во посакуваната насока, што придонесува и неговата цена драстично да опадне. Јунајтед го откупи Погба од Јувентус за 100 милиони евра, но „старата дама“ сега ќе се обиде со понуда од 50 милиони да го врати Французинот во Торино.

Се вчитува...