Погба: Отсекогаш сум се восхитувал на Зидан

Пол Погба вели дека отсекогаш му се восхитувал на Зинедин Зидан поради преубавиот стил на игра.

Вели дека секогаш кога ги гледал натпреварите на Франција се концентрирал само да ја следи играта на Зидан.

„Навистина му се восхитувам. Кога бев помлад гледав постојано снимки, и постојано и постојано гледав само како тој игра. Сакам и други големи играчи, но постојат некои кои имаат нешто екстра. На теренот се 22 фудбалери, а вие гледата само двајца. Така беше со Зидан, како и со Роналдињо. Зидан едноставно ви го привлекува погледот. Топката е на спротивната страна, а вие гледате само во Зидан“ – вели Погба.

Се вчитува...