Погба се премислува, „старата дама“ трие раце

Пол Погба е многу блиску до потпис со Јувентус, откако францускиот ас ги разгледал сите понуди кои пристигнаа на негова адреса во изминатиот период. Како што е веќе познато, тој е достапен како слободен играч по истекот на договорот со Манчестер Јунајтед, но Погба не беше на врвот на листата со желби на гигантите како што се очекуваше, откако ниту Реал Мадрид ниту пак Барселона воопшто не испратија понуди за да го доведат овој фудбалер во своите редови.

ПСЖ се обиде да го убеди Погба на преселба назад во татковината, понудата на „светците“ изнесува 10 милиони евра по сезона, но како што стојат работите, Јувентус ќе биде тимот што ќе го доведе овој фудбалер во текот на летниот преоден рок. Иако извесен период размислувал за понудата на ПСЖ, Погба на крајот сепак одлучил да се врати назад во Јуве, каде ги мина најдобрите моменти во кариерата.

Интересно е што понудата на „старата дама“ финансиски е значително пониска од онаа на ПСЖ (седум милиони евра, плус бонуси), но желбата на Французинот е повторно да игра за Масимилијано Алегри, со кого имаше беспрекорна соработка кога претходно го носеше дресот на Јуве.

Се вчитува...