Погледнете ја „бомбата“ на Враничек која го „сруши“ Шалке (ВИДЕО)

Шалке на македонскиот репрезентативец Дарио Чурлинов го забележа и третиот пораз во втората германска лига откако загуби на домашен терен од Карлсруе со 1-2 благодарение на „бомбата“ на Марвин Враничек во 88. минута од мечот.

Претходно во 1. минута гостите поведоа со 1-0, а благодарение на асистенцијата на Македонецот, Шалке успеа во 15. минута да го изедначи резултатот. Сепак во 72. минута Шалке остана со играч помалку, а „дупката“ во одбраната ја искористи искусниот Германец да постигне гол кој долго ќе се врати по најавните шпици.

Се вчитува...