Погледнете како навивачите на Денвер го испратија Никола Јокиќ и покрај елиминацијата (ВИДЕО)

Поразот од Минесота во седмиот натпревар од полуфиналната серија во Западната конференција кој донесе и елиминација на актуелниот шампион Денвер во разигрувањето за титула во НБА лигата беше проследен во тажна атмосфера во „Бол“ Арена, но навивачите на Нагетс знаеја како да му дадат признание на својот најдобар кошаркар Никола Јокиќ.

Србинот имаше нова фантастична сезона предводејќи го својот тим до втората позиција на табелата пред плеј-офот за што ја освои и наградата за најкорисен играч на сезоната па доби и громогласен аплауз од страна на навивачите.

Се вчитува...