Погодете што прави Јокиќ додека се води голема битка за НБА финале (ВИДЕО)

Актуелниот најкорисен играч на НБА лигата, Никола Јокиќ по елиминацијата на неговиот Денвер во конференциското полуфинале од страна на Минесота замина од Соединетите американски држави.

Додека се води битка за големо финале преку „барата“, Србинот ужива со своите коњи во Шведска. Центарот на Денвер беше уловен од камерите на трка во Стокхолм каде за разлика од разигрувањето за титула, имаше успех па прослави и победа на еден од неговите коњи.

Се вчитува...