Показател за групата во која беше Македонија: И Хрватска лесно против Австрија

По претходната убедлива победа на Шпанија против Чешка, и Хрватска лесно извојува победа против Австрија од 27-23 на почетокот од втората фаза на Европското првенство 2020.

„Коцкестите“ од почетокот јасно ја потврдија фаворитската улога против домаќинот навестувајќи дека не размислуваат за ништо друго освен триумф. На полувремето беше 13-8 за Хрватска, а во вториот дел само рутински ја одржуваа предноста за конечна победа.

Најефикасен во победата на Хрватска беше Златко Хорват со шест гола, а по пет постигнаа Дувњак и Циндриќ. Кај Австрија се издвои Роберт Вебер со шест постигнати гола.

Се вчитува...