„Покер“ на Гризман, Атлетико Мадрид на само четири бода од Барселона

Атлетико Мадрид оствари нова сигурна победа во Ла Лига, совладувајќи го Леганес со 4-0. Тимот на Диего Симеоне сега има 61 бод, само четири помалку од лидерот Барселона, кој утре му гостува на Лас Палмас.

На вечерашниот меч блескаше францускиот интернационалец Антоан Гризман кој ги постигна сите четири гола за Атлетико Мадрид. Ги подели по два во секое полувреме, за сигурни три бода на домаќинот.

Еибар го совлада Вилјареал со 1-0, со голот на Кике во 16.минута.

Се вчитува...