Покетино: Бевме подобри, не ми е јасно како ВАР не виде прекршок над Донарума?!

ПСЖ и покрај мега тимот доживеа елиминација во осминафиналето од Лигата на Шампионите откако загуби од Реал Мадрид со 3-1 во реваш средбата. Парижани по првиот меч имаа предност од 1-0, предност од еден гол имаа и на полувремето во Мадрид, но немаа решение за расположениот Карим Бензема кој со хет-трик донесе целосен пресврт за „кралскиот клуб“.

По натпреварот тренерот на „светците“, Маурицио Покетино не го криеше незадоволството од поразот, но вина најде и во ВАР кој не досудил прекршок над Донарума при изедначувачкиот гол.

„Првиот гол ја промени целата игра. Еден час бевме подобри од Реал Мадрид, но се промени атмосферата на стадионот. Потоа направивме неколку грешки и тоа беше видливо, не можеме да кажеме дека не е така. Најлошо чувство е тоа што бевме подобри, но загубивме за 10. минути. Не ми е јасно како во ВАР собата не видоа дека е прекршок над Донарума“, вели аргентинскиот стратег кој потоа додаде:

„ПСЖ веќе неколку сезони го брка трофејот во Лигата на Шампионите и навистина сум разочаран, вознемирен. Вакви работи не смеат да се случат. Нема да биде лесно во следните недели“

Се вчитува...