Покетино е најлошиот тренер на ПСЖ!

ПСЖ запиша уште еден пораз, откако загуби од Лил во францускиот Супер куп со минимални 1-0 благодарение на голот на Шека.

По овој натпреватр тренерот Маурисио Покетино го запиша вкупно осмиот пораз на 35 натпревари откако е на клупата на парискиот клуб. Статистиката вели дека изгубил 22,86 отсто од натпреварите на кои го водел клубот, што го прави тренер со најслаб просек откако ПСЖ беше преземен од катарските газди во 2011 година.

Инаку, во овие 10 години на клупата на ПСЖ седеа имиња како Лоран Блан, Карло Анчелоти, Унаи Емери, Томас Тухел и сите тие имаа далеку подобар ефект од Маурисио Покетино, кој лани дојде во декември и остана без титулата во Лига 1 од Лил.

Се вчитува...