Покетино: Никогаш нема да бидам тренер на Барселона!

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, ги демантира гласините дека од следната сезона би можел да го наследи Луис Енрике на клупата на Барселона. Во шпанските медиуми деновиве се појави информација дека Покетино имал „работен ручек“ со претседателот на Барселона.

„Тоа беше случајна средба со Бартомеу во еден бар во Барселона. Ние се познаваме долго време уште пред да стане претседател на Барселона. Се поздравивме и минавме пет минути заедно, имаше многу луѓе околу нас и набрзо медиумите од тоа направија сензација“ – објасни Покетино.

Аргентинецот со својата изјава на прес-конференцијата на „спарси“ јасно стави до знаење дека кариерата никогаш нема да ја продолжи во Барселона.

„Го сакам Еспањол и Тотенхем и невозможно е било кога во кариерата да бидам на клупата на Арсенал и на Барселона“ – изјави Покетино.

Се вчитува...