Покетино се простува од ПСЖ, следна дестинација Шпанија

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино би можел да направи едно од поголемите изненадувања со одлуката да го преземе Атлетик Билбао и со тоа да се врати во шпанскиот фудбал, каде своевремено беше тренер на Еспањол.

Според „Екип“, веќе се воспоставени контакти меѓу баскискиот клуб и Покетино, кој претходно беше поврзуван со Манчестер јунајтед и Тотенхем. Атлетик Билбао моментално е предводен од Марселино, чиј договор истекува на крајот од сезоната и веројатно нема да биде продолжен, а Покетино бил најголема желба клупските челници.

И тој е подготвен да влезе во нов предизвик во овие години од својата тренерска кариера во не толку голем, но доволно атрактивен клуб. Атлетик заостанува само еден бод од местото кое води во европските натпреварувања на три кола пред крајот на сезоната, па одлуката на Покетино најверојатно ќе зависи од пласманот на „Баските“ на крајот од сезоната.

Се вчитува...