Покетино: Што и да кажам за Меси, погрешно ќе ме разберете!

Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино не сака да зборува премногу за потенцијалниот трансфер на Лионел Меси од Барселона во Париз, но тој посочува дека играчи како него би биле добредојдени во било која екипа. Речиси сигурно е дека еден од најдобрите фудбалери на сите времиња ќе ја напушти Барселона на лето, кога ќе му истече договорот, а „светците“ се меѓу најголемите фаворити за неговиот потпис.

Шансите на ПСЖ да го донесат Лео во својот тим, сега дополнително се зголемени со доаѓањето на Покетино на клупата, бидејќи се верува дека аргентинската врска со Меси одлично би функционирала.

„Што и да кажам на таа тема, ќе бидам погрешно разбран, така што не би зборувал премногу. Задоволен сум од играчите што ги имам во тимот, но немам дилема дека врвните играчи, како што е Меси, лесно можат да се вклопат во кој било тим “, рече Покетино.

Покрај францускиот шампион, Манчестер Сити исто така се поврзува со Меси, но конкретни понуди за аргентинската ѕвезда се уште нема од било кој клуб.

Се вчитува...