Пол Џорџ ги пропушта првите десет натпревари во НБА

Тренерот на Лос Анџелес Клиперс, Док Риверс откри дека Пол Џорџ сигурна нема да биде дел од тимот во првите десет натпревари од новата сезона во НБА. Тој поради операцијата која ја имаше на рамената го пропушти комплетниот подготвителен период, а веќе од порано се знаеше дека нема да биде на терените до крајот на октомври.

Тоа значи дека тој ќе биде подготвен за мечот против Хјустон кој е закажан за 13. ноември. Сезоната за Клиперс почнува на 22. октомври со дербито против Лос Анџелес Лејкерс.

 

Се вчитува...