Пол Џорџ за Дончиќ – Се уште е бебе, но ќе биде „страшен“ кога ќе сфати колку е добар

Лос Анџелес Клиперс лесно излезе на крај со Далас Маверикс и Лука Дончиќ. Кошаркарот на клубот од ЛА, Пол Џорџ по мечот имаше само зборови на пофалба за младиот Словенец кој ја воодушевува американската јавност сезонава.

„Се уште е бебе. Има уште многу да поправа и да расте. Веќе е сјајен и на теренот, и ќе биде неверојатен. Ќе биде „страшен“ кога ќе сфати како треба и кога ќе биде во најдобрите години“, изјави Пол Џорџ. 

Џорџ пред натпреварот порача дека Лука е фаворит за освојување на МВП признанието во НБА лигата.

Се вчитува...