Пол Погба: Немам проблем со Мурињо

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Пол Погба изјави дека нема проблчем со менаџерот Жозе Мурињо, иако во последно време не е стандарден во првиот тим на „црвените ѓаволи“.

Погба беше еден од клучните играчи на Јунајтед во првиот дел од сезоната, но Мурињо против Севилја и Ливерпул, на негово место го уфрлу Скот Мектоминај.

Французинот го почна натпреварот против Свонси, откако не беше во првиот тим на последните три натпревари. Тој вели дека не ја знае причината за ваквата ситуација.

„Вистина е дека никогаш досега не сум бил на клупата за резервни, но тоа може да ме направи посилен. Мора да поминете низ вакви периоди за да зацврснете. Немам проблем со Мурињо. Не го бирам јас тимот. Прашајте го тренерот ако сакате да знаете зошто играм помалку. Јас го почитувам неговиот избор“ – изјави Пол Погба за англиските медиуми.

Се вчитува...