Пол-позиција за Вињалес во Асен (ВИДЕО)

Возачот на Јамаха, Маверик Вињалес ќе стартува од пол-позицијата на трката за големата награда на Холандија на патеката во Асен. Второто место му припадна на водчекиот во генералниот пласман, Французинот Фабио Квартараро исто така на Јамаха, додека како трет заврши Франческо Бањаја на Дукати. Во топ 10 завршија уште и Такаки Накагами, Жоан Зарко, Мигел Оливеира, Алекс Ринс, Џек Милер, Алеиш Еспаргаро и Жоан Мир.

Марк Маркез кој повторно имаше пад на еден од тренинзите трката ќе ја стартува од 20 место.

 

 

Се вчитува...