Полиција ги вадела Левандовски и Видал од соблекувалната на Касаи

Фудбалерите на Баерн Минхен точно знаеја кој е главниот виновник за нивната елиминација од ЛШ, па конфликтот со судијата Касаи од теренот го пренесоа и во соблекувалната во „Сантијаго Бернабеу“.

Шпанските медиуи информираат дека тројца фудбалери на баварскиот гигант, Роберт Левандоски, Артуро Видал и Тијаго Алкантара, бесни на Унгарецот успеале дури и да влезат во неговата соблекувална, упатувајќи бројни навреди на адреса на главниот судија.

Страстите не се смириле, па морала да интервенира полицијата, чии службеници успеале да ја намалат тензијата и да ги извадат од судиските соблекувални тројцата бесни фудбалери. Останува да се види дали овој инцидент ќе биде внесен во официјалниот судиски записник, бидејќи тоа би значело дополнителна суспензија за тројцата стандардни првотимци на Баерн Минхен.

Се вчитува...