Полицијата уапси тинејџер поради закани кон сопругата на Хаверц

Англиската полиција уапси тинејџер во врска со истрагата за онлајн малтретирање на сопругата на фудбалерот Каи Хаверц – Софија . Таа доби директни закани преку приватна порака по поразот на Арсенал во ФА Купот од Манчестер Јунајтед во јануари.

Уапсениот има 17 години и живее во близина на Лондон. Тој најверојатно ќе се соочи со обвинение, а моментално е на слобода со кауција.

Софија Хаверц ги објави пораките на тинејџерот на Инстаграм, а во една од нив и се заканува на жената дека ќе и го убие нероденото дете.

Арсенал загуби од Манчестер Јунајтед на пенали, а германскиот репрезентативец пропушти чиста шанса од игра, а подоцна промаши и од белата точка.

Се вчитува...