Полјак го шокираше УФЦ-светот: Го претепа Адесанја нанесувајќи му го првиот пораз во кариерата

Полјакот Јан Блахович го победи Израел Адесанја во главната УФЦ-борба 259, без поголеми проблеми одбранувајќи го насловот во полутешка категорија.

Со оваа победа Блахович најмалку задоволен ќе биде УФЦ кој се надеваше дека во случај на победа на Адесанја ќе добие можност за промоција на некои нови приказни во полутешка категорија.

За Адесанја, шампионот во средна категорија, ова беше прв пораз во кариерата со едногласна судиска одлука. По борбата најави дека се враќа во средна категорија.

„Не, не одеше како што очекував, мислев дека ќе победам. Не можев да спијам цела ноќ, но нема врска, нема оправдување. Критичарите се гласни, но јас сум тој кој ризикува во овие борби“ – истакна Адесанја, притоа продолжувајќи:

„Не ми беше страв… Мислам дека ова беше само лош дена во теретаната. Се враќам во средна категорија, одам таму да ја продолжам доминацијата“.

Се вчитува...