Полјакот Жила златен на малата скокалница на СП во Оберздорф

Полјакот Пјотр Жила го освои златниот медал на малата скокалница на Светското првенство во германскиот Оберздорф.

Жила до златниот медал стигна со скокови од 105 и 102.5 метри. Сребрениот медал му припадна на домашниот ски-скокач Кајл Гајгер кој имаше скокови од 103.5 и 102 метри, додека нов медал за Словенија на шампионатот донесе Анже Ланишек кој на крајот со скокови од 102.5 и 101 метер се радуваше на бронзениот медал.

 

Се вчитува...