„Полно ми е срцето што момче од сиромашно место стекна светска слава“ (ВИДЕО)

Лука Дончиќ сезонава го воодушевува цел свет со настапите во НБА лигата. Младиот Словенец е кандидат за наградата за најкорисен кошаркар во сезоната, а интересно е дека тој по потекло Косово.

Во местотo Бича во Косово се уште има дел од семеството Дончиќ, односно братот на дедото на Лука, Србобран.

„Тука пораснавме јас и брат ми. Србобан поради лошиот живот пред 40 години мораше да ja напушти Бичa и да замине во Словенија. Таму го доби Синиша, кој исто така беше кошаркар. Но, неговиот Лука сите нас не прави горди. Мене срцето ми е полно. Од вака мало и сиромашно место стигна да го знае цел свет. Покрај Лука и јас станав популарен бидејќи сите ме прашуваат како е Лука“, изјави Стојан. 

Се вчитува...