Полноќна трансфер бомба во Атина: Олимпијакос го доведе Марсело

Нов фудбалер на Олимпијакос стана Бразилецот Марсело, кој со шампионот на Грција потпиша на една година. 34-годишниот Бразилец после 15 сезони го напушти тимот на Реал Мадрид со кого освои се што можеше да се освои, а сега ќе игра во нашиот јужен сосед.

Беше пред преселба во Монца, неколку шпански клубови сакаа да го доведат, но на крајот се одлучи да замине во Грција.

Олимпијакос со Марсело ќе има одлични бекови, со оглед дека овој тим го ангажираше и Шиме Врсалјко од Атлетико Мадрид на денсата страна.

Марсело ја почна кариерата во Флуминензе, а во Мадрид стигна во 2017 година за 6,5 милиони евра. Одигра дури 546 меча за Реал, постигна 38 голови, освојувајќи 25 пехари со овој клуб, од кои пет во Лигата на шампионите.

Се вчитува...