Акиле Полонара се пензионираше од натпреварувачката кошарка на 34 години поради неговата тековна борба со акутна миелоидна леукемија, откако претходно го победи ракот на тестисите и играше за неколку клубови од Евролигата.
„Се обидов со индивидуален тренинг, но сфатив дека е време да се откажам од натпреварувачка кошарка, затоа што никогаш нема да бидам играчот кој што бев некогаш, а сакам да ме памети онака каков што бев. Ќе ми недостигаш, кошарко“, напиша Полонара.
На почетокот на ноември кошаркарската заедница беше шокирана кога дозна дека тој минал 10 дена во кома. Полонара претходно го победи ракот на тестисите и се врати на теренот кон средината на сезоната 2023-24.
Тој играше во Басконија, Фенербахче, Анадолу Ефес, Жалгирис и Виртус.
Со репрезентацијата на Италија беше дел од две Европски првенства, Олимписките игри во Токио и Светското првенство во 2023 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
