Положани: Браво за момците, Шкендија стигна до заслужена победа

Дербито во ПМФЛ му припадна на тимот на Шкендија. Тетовскиот тим со три бода се врати од гостувњето кај актуелниот првак, откако славеше со 0-2 на најголемиот македонски стадион, Националната Арена „Тодор Проески“.

По мечот свое видување даде тренерот на тетовци, Артим Положани…

„Мислам дека ова беше целосно заслужена победа и ова е исто така заслуга на момците, бидејќи одиграа исклучително добар натпревар. Првото полувреме, почетокот на натпреварот не беше добар, но тоа е нормално со овие услови што ги игравме денес, исклучително е тешко да се влезе во играта. И со оглед на тоа што доаѓавме од тежок натпревар во Шкотска, освен првото полувреме или првите 20 минути од натпреварот, мислам дека сè зборуваше за нас. Сепак, заслугата дефинитивно им припаѓа на момците бидејќи одиграа исклучително добар натпревар. Дербито дефинитивно беше психолошки тешко, дефинитивно игравме против противник кој беше шампион минатата година“ рече Положани.

Се вчитува...