Шкендија утре ја очекува само формална задача на реваншот во Скопје против гибралтарската Европа за пласман во 2. квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.
По убедливата гостинска победа од 0-5 минатата недела, тетовци се очекува рутински да одработат за следна рунда, иако шефот на стручниот штаб Артим Положани на денешната прес-конференција во Скопје истакна дека не смее да има ниту најмало опуштање во тимот.
„Имаме добар резултат од првиот меч, но не значи тоа дека ќе влеземе опуштено на натпреварот, затоа што мора да одиграме на ниво кое ќе ни биде неопходно за следните мечеви кои не очекуваат во Европа. Да се консолидираме во одбрана и во напад затоа што ќе ни треба таков пристап и на следните натпревари“ – вели Положани, притоа дополнувајќи:
„Не размислуваме за следната фаза. Сега сме фокусирани само на утрешниот дуел, затоа што секогаш има изненадувања. На овие натпревари не смееме да си дозволиме грешки. Не значи дека после 5-0 ќе имаме лесен меч“.
Слично е размислувањето и на Зејнулаи…
„Атмосферата е позитивна и пристапуваме сериозно вна мечот без разлика на убедливата победа од првиот дуел. Мора максимален ангажман ако сакаме лесен пласман во следната рунда“ – рече Зејнулаи.
Што се однесува, пак, до нови засилувања во редовите на Шкендија ова лето?
„Нормално за тренерот секое доаѓање на квалитетен играч е позитивно затоа што тоа носи поголема конкуренција. Но и сега имаме квалитетен тим и некогаш премногу играчи може да има контра ефект во еден тим. Но, секој квалитетен играч би бил добродојден“ – истакна Артим Положани на денешната прес-конференција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
