Положани има проблеми со визата, но ќе ја води Шкендија против Хибернијан

Македонскиот фудбалски прволигаш Шкендија утре ќе му гостува на шкотски Хибернијан во првиот натпревар од двомечот од 3. коло од најмладото клупско натпреварување на УЕФА, Конференциската лига.

Тетовци се соочуваат со проблеми пред утрешниот меч, откако заедно со тимот во Шкотска не отпатува тренерот Артим Положани. Сепак, како што објавуваат од тимот проблемот со визата е решен, па тој утре ќе може да ја води Шкендија.

„Поради доцнење во постапката за издавање виза за влез во Велика Британија, главниот тренер Артим Положани не отпатува со тимот во Шкотска и, како резултат на тоа, не беше присутен на прес-конференцијата и официјалниот тренинг пред натпреварот со Хибернијан. Прес-конференцијата и тренингот ги водеше помошникот тренер Куштрим Вока, заедно со техничкиот персонал. Клубот го реши проблемот со визите и тренерот Положани ќе му се придружи на тимот во Единбург во четврток за да го предводи тимот на натпреварот против Хибернијан“, стои во соопштението на Шкендија. 

Се вчитува...