Шкендија е осамен лидер на табелата во Првата македонска фудбалска лига со три победи во исто толку дуели на стартот од сезоната, по вчерашната убедлива победа од 4-1 против Брегалница.
Тренерот на „црвено-црните“, Артим Положани сосема очекувано е задоволен од изданието на своите избраници, посебно и поради фактот што дуелот со штипјани доаѓа само после два дена од исцрпувачката пресметка со Хибернијан во Конференциската лига на УЕФА.
„Знаевме дека не чека тежок меч, затоа што пред два дена имавме еден исклучително тежок натпревар во евро-куповите против Хиберниан. И затоа им честитам на нашите играчи за максималното издание, посветеноста и желбата секогаш да се даде најдоброто за тимот“ – вели Положани, притоа дополнувајќи:
„Со оглед наа тоа што веќе не сме дел од европските натпревари имаме време за рекуперација, и за далеку подобра подготвеност за следните предизвици во првенството во кое добро знаеме дека нема лесни противници. Во лига со 10 клуба сигурно против секој тим мора да се игра максимално ако се сака победа. Ме радува дебито на еден млад играч Гаши кој имаше одличен натпревар и со тоа најавува дека може сериозно да сметаме на него во иднина“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
