Артим Положани е оптимист дека Шкендија може да ја претвори негативата од еден гол во конечен триумф во двомечот со Хибернијан, со што македонскиот вицепрвак би се пласирал во плејофот за влез во Конференциската лига на УЕФА.
Реваншот се игра утревечер со почеток во 20 часот во Скопје, а тетовци веруваат дека како што тоа беше случај во претходната рунда против Браво, истиот успех ќе го повторат и со Хибернијан. Самодовербата е уште поголема по последниот триумф на големото мак-дерби, на гостински терен против Вардар.
„Oва беше исклучително тешка седмица за нас. Имавме тежок натпревар во Шкотска, моравме да се вратиме во Скопје и да играме против Вардар. Среќни сме што победивме пред овој важен натпревар со Хибернијан, што секако ја крева самодовербата пред новиот европски предизвик. Нема сомнеж, сакаме да победиме и да одиме понатаму, во плејофот“, истакна тренерот Положани во пресрет на утрешниот реванш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
