Шкендија лесно и убедливо ја совлада екипата на Башкими и се врати на победнички патеки во ПМФЛ, но тренерот Артим Положани јасно им стави до знаење на своите фудбалери дека не е најзадоволен од она што го виде од нив на денешниот натпревар.
Конкретно, на Положани му пречат честите осцилации во играта на тетовци, нешто што не треба да им се случува на тим со највисоки амбиции.
„Задоволен сум што победивме, но не и со начинот на кој стигнавме до триумфот. Не ми се допаѓаат тие паузи што ни се случуваат, десет минути во првото полувреме, па уште десет минути период во вториот дел, не треба да изгледаме така на теренот и тоа е нешто што мораме да го промениме. Тим како Шкендија, што најавува дека сака да биде шампион, не треба да изгледа така. Почнавме добро, имавме многу шанси во тие први 30 минути што не ги искористивме, резултатот сигурно ќе беше поубедлив“, истакна Положани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
