Фудбалскиот вицешампион на Македонија, Шкендија утре ќе и гостува на гибралтарска Европа во првиот натпревар од двомечот од воведното квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА.
Новиот тренер на клубот Артим Положани го најави утрешниот меч на денешната официјална прес-конференција.
„Утре започнува нов циклус за нас, ги започнуваме Европските купови, важен циклус. Како што споменавте, минатата година клубот постигна извонреден успех во Европа. Но, тој успех сега е минато и секако ќе се обидеме да одиме доста далеку оваа година, бидејќи потенцијалот постои. Мислам дека со максимален пристап и посветеност, од почеток до крај, можеме да одиме далеку. Сите што се подготвени за натпреварот утре“, изјави Положани.
Свое мислење за утрешниот меч даде и капитенот Бесарт Ибраими…
„Да бидам искрен, на утрешниот натпревар е нормално дека сме фаворити, но нашата посветеност навистина ќе биде максимална. Мораме да пристапиме со најголема сериозност, бидејќи денеска нема лесни натпревари. Се подготвивме, го анализиравме противникот и се надеваме дека утре ќе го добиеме натпреварот, така што во реваншот ќе ни биде полесно“, изјави Ибраими.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
