Положани: Во Европа секој следен противник е потежок од претходниот

Македонскиот фудбалски вицешампион Шкендија утре ќе му гостува на словенечкиот Браво во првиот натпревар од двомечот од 2. коло во третото по ранг европско клупско натпреварување, Конференциската лига на УЕФА.

Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Артим Положани, изјави дека тетовските „црвено-црни“ се целосно подготвени за утрешниот натпревар против словенечкиот претставник.

„Не очекува исклучително важен натпревар. Во Европа секое следно коло е потешко од претходното и затоа мораме да бидеме подготвени максимално. Потребен ни е одличен настап и од технички и од тактички аспект. Само со сериозен пристап и максимално залагање можеме да дојдеме до посакуваниот резултат. Ги анализиравме нивните последни натпревари и добро ги познаваме нивните силни страни, но и одредени слабости. Браво е квалитетен тим, физички моќен, тактички дисциплиниран и опасен во транзиција. Затоа ќе мораме да одговориме со одлична организација и вистински пристап ако сакаме позитивен резултат пред реваншот во Скопје. Во денешниот фудбал нема тајни. Сите ги анализираат противниците. Тие можеби имаат мала предност затоа што ние веќе одигравме европски натпревари, но од друга страна токму тие средби ни донесоа дополнително искуство и натпреварувачки ритам. За мене ова е само прво полувреме од двомечот и најважно е да обезбедиме позитивен резултат пред реваншот“, изјави Положани. 

Се вчитува...