Шкендија сo победа од 3-0 над Скопје го комплетираше првото коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Стрелци на головите за тетовци беа Фад Нзенгуе, Фабрис Тамба и Рафа Силва.
Тренерот на Шкендија, Артим Положани, вели дека е задоволен од триумфот, но не и од ритамот со кој неговиот тим го одигра натпреварот.
„Задоволен сум од резултатот, но не и од прикажаната игра. Мора да играме во повисок ритам. Свесен сум дека ова е прво коло од домашното првенство, но кога ќе излеземе во Европа потоа нѐ очекуваат сосема поинакви искушенија. Екипата на ФК Скопје добро се бранеше во поголем тек од натпреварот, најважни од овој меч секако се трите бода“, изјави по вчерашниот дуел Артим Положани.

Новиот стратег на ФК Скопје, Муарем Муарем, истакна дека неговиот тим допрва треба да се докомплетира и да се подготви за предизвиците во Првата лига.
„Знаевме против каков ривал ќе играме и се обидовме да парираме. Направивме грешки кои Шкендија знаеше да ги искористи. Ќе се обидеме да се комплетираме и да се подготвиме за следните натпревари во Првата лига“, изјави Муарем Муарем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
