Поминаа само четири кола од квалификациите за пласман на ЕП за играчи до 21 година, а Македонија има три порази и само три бода. Со денешните победи над Ерменија, односно над Шведска, селекциите на Италија и на Полска веќе се издвоија од нашата група со 12 бодови.
Полјаците играат импресивно, затоа што имаат неверојатни 15 постигнати голови, и ниту еден примен, додека Италија има гол разлика 12-2. Полска денеска ја совлада Шведска на гости со 0-6, додека Италија беше подобра од Ерменија како домаќин со 5-1.
Македонија со три бода е на четвртото место зад Црна Гора која има шест. Шведска исто така има три, а Ерменија е без бодови. Речиси е невозможно Македонија да дојде до првите две места во групата и пласман директно на ЕП или во баражот.
Денеска Македонија загуби од Црна Гора со 3-1, а претходно беше поразена од Полска со 3-0 на гости и од Италија со 1-0 како домаќин. Избраниците на Горан Станиќ ја победија само Ерменија со 2-1 на мечот во Битола. Следните два меча Македонија ги игра во ноември како домаќин. Најпрво на 13-ти ќе ја дочека Шведска, а пет дена подоцна игра против Полска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

