„Пољуд“ на нозе – навивачите и фудбалерите со големо славје на теренот (ВИДЕО)

Хајдук стигна до седмиот Куп трофеј во својата историја откако во финалето славеше над Ријека со 1-3 по целосен пресврт. „Сино-белите“ први поведоа, но веќе до полувремето сплитскиот тим успеа да направи пресврт, а потоа ја искористи и предноста од играч повеќе за трет гол со кој ги реши дилемите за победник.

За Хајдук тоа е прв трофеј по речиси десет години па големото славје на преполниот „Пољуд“ од трибините се префрли на теренот каде останаа и фудбалерите. Славјето не го прекинаа ниту гостинските навивачи кои фрлаа пиротехнички средства на теренот, но и ВИП ложата.

Славјето може да го погледнете ТУКА.

Се вчитува...