„Пољуд“ во транс – Хајдук го освои Купот во Хрватска

Хајдук е освојувачот на овогодшното издание на фудбалскиот Куп на Хрватска откако во финалето на „Пољуд“ славеше над Ријека со 1-3 по целосен пресврт.

Дрмиќ стрелаше за Ријека во 13. минута, но славјето на „сино-белите“ не траеше долго бидејќи само 11 минути подоцна Феро изедначи на 1-1. Хајдук успеа да направи и целосен пресврт до крајот на првото полувреме со голот на Мелњак во 36. минута, а вториот жолт картон на Смолчиќ ги лесни работите за тимот од Сплит. Во второто полувреме Мелљак уште еднаш ја затресе мрежата на Ријека и ја потврди победата на својот тим.

Македонскиот интернационалец Дарко Велковски го одигра целиот натпревар, но за жал не успеа да ја закити успешната сезона во трофеј.

За Хајдук ова е седмата Куп титула со што сплитскиот клуб ја престигна Ријека по бројот на освоени титули во престижното првенство. Убедливо на врвот е Динамо Загреб со 16.

Се вчитува...