Полуфинале на истокот не беше доволно: Кливленд го смени тренерот

Џеј Би Бикерстаф повеќе не е главен тренер на Кливленд Кавалирс, објави тимот на својата официјална веб-страница. Бикерстаф доби отказ по четири години на оваа функција и по прилично успешна сезона, но очигледно тоа не беше доволно.

Кливленд неодамна беше елиминиран во полуфиналето на Источната конференција на НБА плеј-офот од Бостон со 4:1 во серија, а претходно на стартот од плејофот го мина Орландо со резултат 4:3.

Кавалирс регуларниот дел од сезоната го завршија на четвртото место на Истокот. Кливленд не објави кој би можел да го наследи Бикерстаф на селекторската функција.

Се вчитува...