ПОЛУВРЕМЕ ЛШ: Мируваат мрежите на „Сантијаго Бернабеу“

Реал Мадрид и Манчестер сити играат без голови (0-0) по првите 45 минути во реванш натпреварот од полуфиналниот двомеч во годинашното издание на Лигата на шампионите.

Прв убава шанса имаше Бернардо Силва чиј удар во 20. минута беше сопрен од голманот на „кралевите“, Тибо Куртоа. Првата поопасна шанса домаќините ја имаа преку Крос кој од слободен биеше добро. До крајот на првиот дел и двата тима имаа мини шанси кои не ги искористија, а на полувреме одиме со почетните 0-0. Доколку остане овој резултат Манчестер сити ќе го предизвика Ливерпул во големото финале.

Потегот на првото полувреме го имаше дефанзивецот на „граѓаните“, Емерик Лапорт. По стартот на Касемиро над Де Брујне, дојде до мало „кошкање“ меѓу играчите на двата тима. Лапорт тргна кон Модриќ на кого му удри шамар, а во истиот момент падна како да го нокаутирал Мајк Тајсон.

Се вчитува...