ПОЛУВРЕМЕ ЛШ: Вилјареал одолева на нападите на Ливерпул

Ливерпул и Вилјареал играат без голови (0-0) по првите 45 минути во натпреварот на „Енфилд роуд“ како дел од полуфиналниот двомеч од годинашното издание во Лигата на шампионите.

Иако домаќините доминираа и имаа голем број на обиди, сепак гостите од „Ел мадригал“ успеаја да одолеат на нападите. Џордан Хендерсон имаше еден обид од десната страна, кој помина покрај голот на Рули, а и Тиаго Алкантара имаше опасен удар во првиот дел од натпреварот.

Вилјареал уште еднаш се покажува како „тврд орев“ во натпреварите против фаворитите во Лигата на шампионите, откако во претходните две елиминациски рунди ги елиминираше Јувентус и Баерн Минхен.

Се вчитува...