ПОЛУВРЕМЕ: Моќна Македонија, со „плус пет“ на одмор

Македонија игра квалитетно прво полувреме на гостувањето во Прешов против Словачка, нашите ракометари имаат водство од 13-17, контрола над играта и резултатот и сигурно чекорат кон пласман на уште едно светско првенство. Она што беше гласно предупредувано е исполнето – македонската репрезентација игра со максимален фокус и без апсолутно никакво потценување на противникот, пристап што носи добар резултат и предност по овие 30 минути.

Лазаров се реши да стартува со Томовски на голот, Петар Атанасијевиќ и Костески како крила, Лазаревски како стартен пивот и бековско трио составено од Митев, Кузмановски и од Велковски. Дуелот го отворивме со водство од 0-2 (Кузмановски од пенал и Атанасијевиќ) и една одлична интервенција на Томовски.

Во 5. минута Атанасијевиќ при 1-2 најпрвин промаши зицер, а веќе во следниот напад заработи и исклучување во одбраната. Серијата промашени зицери ја продолжи и Костески, a Словаците знаеја како да го казнат тоа и набрзина го свртеа резултатот во своја полза (3-2). Кузмановски ја прекиа мини-серијата на домашната селекција, а нашиот капитен со вториот реализиран пенал ја врати и Македонија во водство (3-4, седмерец изнуден од Велковски).

При 4-5 со играч повеќе не реализиравме уште едден зицер (Атанасијевиќ од крило), Словаците повторно направија мини-пресврт и во неколку ситуации имаа „плус еден“. Македонија возврати преку Самоил Ристески и Кузмановски, па со шестиот гол на нашиот капитен поведовме со 9-10. Одбраната доби на цврстина, Лазаревски беше прецизен за 9-11, а одличниот пивот во 22. минута повторно стрелаше во мрежата, за прво водство на Mакедонија од три гола (10-13). Лазаров зеде тајмаут при 12-14, бевме презицни за 12-15, но две минути подоцна не искористивме напад „седум на пет“ по второто исклучување на Моравчик. Костески блесна во финишот од полувремето со нови два гола, зголемувајќи ја предноста на 13-17. Словаците зедоа тајмаут, но во последните триесет секунди најпрвин Томовски одбрани зицер, по што Кузмановски испрати проектил од десет метри за 13-18 и одлични „плуа пет“ по ова прво полувреме.

Кузмановски е наш лидер во ова прво полувреме со седум погодоци, а одличен е и Лазаревски со пет постигнати гола. Играме одлично прво полувреме, да продолжиме во ист ритам и да ја оствариме целта – веќе по првиот меч да ги разрешиме дилемите околу патникот на СП.

Се вчитува...