Полувреме: Победа многу блиску до задржување на прволигашкиот статус

Прилепскиот прволигаш Победа има водство од 2-0 против второлигашот Борец, во бараж натпреварот за пополнување на Првата фудбалска лига на Македонија што се игра на стадионот „Младост“ во Струмица.

Во првите 45 минути прилепчани покажаа дека се многу поквалитетен тим и успеаја да обезбедат значајна предност во пресрет на вториот дел.

Уште во осмата минута Иван Ивановиќ ја затресе мрежата на Борец и го отвори резултатот на овој натпревар. Прилепчани продолжија со офанзивниот стил и во 29. минута Виктор Велкоски постигна и втор погодок со кој тимот на Тони Мегленски е многу близу до задржување на прволигашкиот статус.

Борец ќе мора во вторите 45 минути да покаже многу повеќе на оваа бараж-пресметка доколку сака да направи голем скок и да обезбеди место во елитата.

Се вчитува...