Силекс ја „прокоцка“ предноста против Динамо Минск за само едно полувреме, откако има негатива во дуелот со белорускиот тим.
Малашевич во 17. минута од средбата го постигна единствениот гол со кој Динамо има предност од ТЦ „Петар Милошевски“ во Скопје со 0-1 по првиот дел.
Малашевич од левата страна упати остар центаршут на петерецот, никој не ја зафати топката, и таа заврши во мрежата.
Динамо имаше уште една шанса преку Варданијан, но и Силекс се закани преку Хасукиќ, откако неговиот обид заврши милиметри крај голот.
На Арената на дуелот помеѓу Шкендија и Европа нема голови. Мечот е рамноправен, имаа по две полушанси и двата тима, но мрежите мируваа. Да потсетиме дека Шкендија има предност од првиот меч од 0-5.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
