ЕКИПА во Сараево, БиХ
Горан Бошев
Полувреме без голови, но и не и без возбудувања играат Босна и Херцеговина и Македонија во Сараево. Иако Босанците добро го отворија мечот, ја погодија и пречката, Македонија имаше одлична шанса кога ја натера противничката селекција да чисти од самата гол линија. Крилните играчи беа најопасни кај домаќинот на оваа средба, додека Македонија играше трпеливо, чекаше грешка на противникот, и токму по една таква дојде и приликата после која Босанците се спасија. Финишот на првите 45. минути ѝприпаднаа на Босна, кога ја погодија и стативата, меѓутоа мрежит на крајот мируваа.
Уште на стартот Босна се закани. Четврта минута Бајрактаревиќ пробива и шутира, топката се одби од одбраната и завршува во пречката на Димитриевски.
Следувагрешка на голманот на БиХ Зломислиќ. Додаде до Миовски, но напаѓачот на нашата селекција шутира млако, па чуварот на мрежата на Босанците лесно одбрани.

После огромната грешка на Катиќ, се случи и најголемата прилика за Македонија. Дефанзивецот на БиХ додаде до Елмас, кој го проигра Миовски и овој сам пред голот шутираше прецизно, меѓутоа Радељиќ успеа да избие од самата гол линија.
Шансата како да ги разбуди домашните, кои веќе во следната минута не профитираа од мешаницата која се создаде пред голот на Димитриевски. Не се знаеше кој шутира, а кој блокира, за на крај Атанасов да избие. Во 37. минута нова шанса, кога шутираше Гиговиќ право во Димитриевски кој не сакаше да ризикува, па ја одби топката во поле.
Уште еднаш среќа за Македонија во судиското надополнување кога Баждар со глава ја погоди стативата по центаршутот на Бајрактаревиќ, а потоа и по грешката на Јанкулов, шанса имаше Алајбеговиќ, но во последен миг беше изблокиран од Велковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
