Изминаа цели 23 години, но фановите на „сино-белите“ се сеќаваат како да беше вчера. На денешен ден, во 1996 година, МЗТ Скопје Аеродром ја оствари најголемата победа во клупската историја и тоа против големиот Реал Мадрид (69-68).
Во меч со драматична завршница, пресудни беа двете прецизно изведени слободни фрлања на Перо Блажевски на три секунди до крајот. За Реал Мадрид тогаш настапуваше Дејан Бидирога, а тренер беше Жељко Обрадовиќ. Тоа е најтрофејниот европски кошаркарски колектив во историјата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА